Thursday, January 5, 2017

КРЕФ филмски предизвик 2017. Категорија „Сосема различни за иста цел„


Учењето може да биде здодевно обично и креативно, необично, токму како и реализацијата на целите од редовната програма. Ајде да покажеме колку необични можеме да бидеме ние кога ќе ја вклучиме сета наша љубов, искуство и вештини за креативност со цел да обезбедиме креативна и забавна средина како стимулација за учење на нашите ученици.

Математика, физика, граматика, историја НА ПОД/двор/училишен ходник... И секое училиште може да биде омилено место на децата.


Изберете ја својата омилена наставна содржина и нејзините цели, заборавите на клупите, таблата и класичните столчиња во училницата, смислете го својот креативен час и замолете некој да ви помогне сета таа магија да се зачува во форма на филм кој ќе биде сведок и спомен на вашата извонредна работа како едукатор.

Најлони, гајби, перничиња, сено или ќебенца, хамери или креди, се е добредојдено на вашиот почетен список а потоа сепак изберете како и со што ќе покажете дека сте различни, весели и разиграни со нови идеи и игри, ресури и активности кои секој ќе сака да ги применува во иднина а ќе се сеќава на Вас и Вашиот весел едукативен филм како инспирација. 

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО ОВАА ФИЛМСКА КАТЕГОРИЈА?

-Автор на филмот може да биде секој учител, наставник од предметна настава или стручен соработник од државно или приватно основно училиште во Македонија.

-Пријавата е ограничена на еден филм по автор.

-Филмот  мора да биде снимен во текот на учебната 2016/2017 СО КРАЕН РОК ЗА АПЛИКАЦИЈА 

ДО 25 МАЈ 2017

Должината на конечниот видео запис е 4 до најмногу 5 минути.

-Филмот може да биде снимен со камера, фото апарат или мобилен телефон кој може да обезбеди квалитетна и стабилна снимка

Слободно вклучете родител или професиналец со искуство за снимање и монтажа доколку сметате дека овој дел ви претставува тешкотија.

-Изборот на програма за монтажа на снимениот материјал е слободен.

Слободно користете позадинска тивка музика за време на монатажа доколку сметате дека е потребно но внимавајте-таа не смее за цело време да го прекрива филмот, дозволете да се слуша комуникација, соработка помеѓу учениците, комуникација наставник-ученици... 

Избегнувајте употреба на фотографии, освен некаде ако сметате дека се неоходни.


-Филмот треба да биде снимен претежно во училница но може да содржи и кадри снимени во училишен ходник, други простории во самото училиштетето и во училишниот двор, доколку тоа е дел од вашата идеја за супер час. (Внимавајате-Посети на институции и објекти надвор од училиштето НЕ се влучени во оваа категорија)


-Содржината на филмот треба да биде снимена ВО ЕДЕН ДЕН и истата да прикаже креативна, иновативна обработка на една наставна содржина или интеграција на наставни содржини од редовната наставна програма. (Внимавајте- Слободни ученички активности и секции  НЕ учествуваат во оваа категорија.)


Авторот пред снимање на филмот задолжително треба да побара од родителите писмена согласност за снимање и објавување на снимките од учениците, на места потребни за промоција на образовни идеи, како што се филмски канали, социјални мрежи и едукативни веб страници.

Во воведот на монтираниот филм треба задолжително да стои само: Основно училиште, место, одделение, име на авторот-едукаторот и наставна содржина или опфатени интеграни содржини(без цели) 

Филмот треба да биде прикачен на вашиот You Tube канал со наслов- За КРЕФ 2017 Сосема различни за иста цел„ и име на автор во продолжение. 

Во полето за опис, под филмот, за време на прикачувањето задолжително треба да напишете: 

1. Наставна содржина

2. Одделение-возраст на учениците

3. Училиште-место, држава

4. Автор на филмот( 1 лице како автор) а може да се наведат и соработници

5. ЦЕЛИ на наставната содржина и краток опис на она што може да се види во филмот.


Потоа авторот го испраќа линкот со филмот на следната адреса krefedukativenfilm@gmail.com


Внимавајте да бидете сигурни дека не кршите туѓи автоски права во делот со прикажани ИДЕИ, МУЗИКА, СЛИКИ.


Организаторот го задржува правото за дисквалификување на пријави после стручна процена. 


Организатотот го задржува правото за промоција на филмовите секаде каде е потребно и корисно за едукативни цели и промоција на наставничката професија.


Доколку имате дополнителни прашања пишувајте на veselabogdanovik2@gmail.com или на Facebook https://www.facebook.com/vese.vesela

071/318663

КОРИСНИ ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ЗА СНИМАЊЕ И МОНТАЖА:

Најпрвин изберете една наставна содржина или дневна интеграција за реализација. 

Запишете си ги сите свои креативни идеи за дадените цели и размислете кои ваши идеи се навистина интересни и нови за прикажување а можат на некој начин да се реализираат без вклучување на класични масички и столчиња за седење и работа.

Потоа запишете си ПЛАН ЗА СНИМАЊЕ-Што е она што би сакале да биде снимено и прикажано во филм во траење до 5 минути. Размислете што Ви е важно да влезе во кадар. Некогаш е тоа цела училница, некогаш кадар од група која соработува да најде решение, од блиску работа на децата и слично.. Од досегашното искуство подобро е да се одлучите за повеќе покуси кадри кои доволно објаснуваат што се прави во моментот но не се задржуваат долго за да станат здодевни за оној кој подоцна ќе го гледа филмот. 


За време на снимањето бидете си обичен учител,  секое намерно преснимување на кадрите прави вештачка ситуација и за вас и за вашите ученици а тоа се приметува на самата снимка и не делува природно.


СОРАБОТКА СО СНИМАТЕЛОТ и МОНТАЖА

Најпрвин внимателно објаснете му што е за вас важно добро да се види, кои кадри ви се потребни. И нему дадете му го својот план за снимање. Заедно проверете од кои агли е добро да се снима во конкретната просторија. 

Внимавајте на светлината во просторијата.

Избегнувајте снимање со поглед кон прозорците.

Доколку немате претходни искуства како снимател  обидете се да снимате без завртувања, без движења и зумирање за да добиете стабилни снимки. Кога ви треба промена на кадар или место, слободно стопирајте го снимањето, поставете се на новото место и продолжете со снимање. Вака сигурно ќе имате стабилни кадри кои можат да се употребат за време на монтажа на филмот.



Ви посакуваме забавна и успешна работа



ДРУГИ КАТЕГОРИИ КАКО ПРИЛИКА ЗА УЧЕСТВО:






2-    КРЕФ MINECRAFT акција 2017 

„ И јас имам супер план за урбанистичко уредување на мојот град/село„





3-    КРЕФ ЛИПДУБ промоција на училишна клима 2017